Сиљановска помилува и осуденик кој барал Уставниот суд да го укине Законот за СЈО


Меѓу десетмината помилувани од страна на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, се најде и името на осуденикот Живко Делиџаков од село Богородица.

Тој доби кратење на затворската казна од три месеци, но не е познато за кое дело е осуден и уште колку му останува од казната.
Но она што е значајно за овој помилуван осуденик е што пред неколку години, заедно со Тодор Петров поднел иницијатива пред Уставниот суд за укинување на Законот за СЈО.

-СЕ ОТФРЛААТ иницијативите за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникаците.
Тодор Петров од Гевгелија и Живко Делиџаков од с.Богородица, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесоа иницијативи за оценување на уставноста на Законот означен во точката 1 од ова решение, објавил Уставниот суд пред четири години.

,,Фокус” веќе објави дека меѓу помилуваните е и Акиф Равмановски кој се најде прв на списокот, а е осомничен за пукањето што се случи пред десетина дена во скопско Чаир кога едно лице, припадник на кланот Грчец беше тешко рането.

Претседателката пак денеска изјави дека личностите се навистина интересни во негативна смисла на зборот, но се оправда од мислењето на Комисијата за помилување

Back to top button
Close