„Си-би-ес њуз“: САД планираат одреден број Палестинци од Газа да примат како бегалци

Администрацијата на Бајден планира да прими голем број Палестинци како бегалци, со што може да спаси илјадници од војната во Газа, дознава „Си-би-ес њуз“.

Според официјални документи до кои дошла оваа телевизија, повеќе американски агенции вршеле консултации и планирале различни опции да примат во САД Палестинци од Газа кои имаат блиски роднински врски со американски државјани или оние со легален престој во САД.

Еден од предлозите е ова да се направи во рамките на децениски старата програма на САД за прием на бегалци, а ќе се однесува за оние Палестинци со врски во САД кои успеале да избегаат од Газа и да влезат во соседен Египет, наведува „Си-би-ес њуз“.

Се планира и примање како бегалци на дополнителен број на Палестинци кои се во Газа кои имаат блиски роднини во САД. Плановите треба да се координираат со Египет кој досега одби да прими голем број луѓе од Газа.

Се дознава дека тие кои треба да исполнат повеќе услови, медицински и безбедносни проверки за да се квалификуваат да летаат за САД со статус на бегалци. Со тоа би стекнале разни бенефиции како легален престој, помош за раселени лица како добивање стан и можност да станат американски државјани.

Се смета дека оние што можат да се квалификуваат за оваа програма се очекува да бидат мал број. Сепак тие бе се спасиле од војната на Израел против Хамас, која според локалните здравствени власти досега ги одзеде животите на 34.000 луѓе и расели стотици илјади цивили во Газа.

Back to top button
Close