Силен земјотрес ја погоди Италија
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Италија, јавува „EMSC“.
Според извештаите, епицентарот на земјотресот е на 14 километри од Лонгобуко, на длабочина од 17 километри.
Како што соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија на Италија, земјотресот се случил околу 21:42 часот по локално време.
Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.
Земјотресот е почувствуван и на територијата на Албанија и Босна и Херцеговина.