Силен земјотрес во близина на брегот на Тајван

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа во близина на источниот брег на Тајван, соопшти тајванската метеоролошка служба.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.

Земјотресот бил на длабочина од 5,7 километри, соопшти метеоролошката служба.

Тајван се наоѓа во близина на местото каде што се спојуваат две тектонски плочи и е подложен на земјотреси.

Повеќе од 100 луѓе загинаа во земјотрес во јужен Тајван во 2016 година, додека во земјотрес со јачина од 7,3 степени во 1999 година загинаа повеќе од 2.000 луѓе

Back to top button
Close