Силна експлозија во џамија во Кабул, има загинати и повредени

Силна експлозија одекна за време на вечерна молитва во џамија во Кабул и се стравува дека има многу загинати и повредени, соопшти полицијата.

Претставник на талибанското разузнавање изјави дека можеби се убиени или повредени 35 лица.

Ал Џезира објави, цитирајќи неименуван функционер, дека загинале 20 луѓе.

Болницата во Кабул на Твитер објави дека примила 27 повредени, меѓу кои и седумгодишно дете. Нападот се случил во населбата Каир Кан. Меѓу загинатите е и имамот на џамијата.

Back to top button
Close