Синот на битолчанецот кој го уби зетот: Пријавувавме во полиција, социјални служби, ама се беше залудно.

Денеска во 12 часот пред битолскиот суд ќе се одржи мирен протест поради притворот на битолчанецот Тони Ѓ. (62), кој завчера со пиштол го уби зетот за ќерка Стојанче С. (44) откако тој со мачета насилно му упаднал во домот и се заканувал.

Тој е осомничен за убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, а семејството тврди дека делото го сторил во самоодбрана и бара да биде пуштен дома, да се брани од слобода.

-Татко ми го стори делото во самоодбрана, спаси шест животи заедно со неговиот, за ,,Фокус” раскажува Јове, син на Тони.

Вели дека цели 20 години нивното семејство тргало маки со поранешниот зет.

-Пријавувавме во полиција, социјални служби, ама се беше залудно… Ние не криеме ништо, ќе ја кажеме целата вистина. Татко ми си ја бранеше фамилијата – вели Јове.

Повеќе

 

Back to top button
Close