Скопјанка ги изгубила децата – бившиот маж, австриски државјанин, ги зел со судска одлука
Скопјанката која живее во Минхен, М.Л.Ш, чии три мали деца ѝ ги зел поранешниот сопруг и ги прекинал сите контакти со неа, обесправена и исплашена за психофизичката состојба на децата го чека второто судско рочиште во Фамилијарниот суд во Минхен на 18 декември, пренесува порталот „Сакам да кажам.мк“.
Вчера, таа преку адвокатот испратила допис до обвинителот кој по поднесена кривична пријава од екссопругот од Австрија ја осомничил за киднапирање на децата, потоа до Детскиот омбудсман за кршењето на нивните права да се одвоени и се без каков било контакт еден месец од неа како нивна мајка, како и по стоти пат до нивниот татко, да го моли барем да се чујат и видат на камера.
По разводот, М. тврди дека усно, седнати на ручек, се договориле со поранешниот сопруг дека таа со децата ќе се пресели во Скопје. Веднаш штом ги запишала децата од 3, 6 и 9 години во градинка и во приватно училиште (сите три на едно место, во иста школа), му кажала и како што тврди, му дала контакт да зборува со наставниците. Тој прашал како ќе се гледаат, таа му рекла дека исто како досега, во Минхен. Тој живеел во Виена.Татко им се јавуваше, комуницираше и со мејлови во училиштето. Им кажал на наставниците/воспитувачките дека сака да дојде и да зборува со нив. Додека бевме во брак, 6 години живеевме во Македонија. Како може да е ова киднапирање? Иако не плаќа алименатција, старателството ни е делливо и никој од нас нема забелешка. Така одлучи Фамилијарниот суд во прв степен, а таа одлука ја потврди и второстепениот суд. Сега, истиот тој суд ме апси и притвора небаре сум терорист, ми ги зеде и привремено му ги додели децата на поранешниот сопруг за тој да ги однесе во Лихтенштајн и повеќе да не ги видам, вели М.
Таа е загрижена што никој не се секира за правата на нејзините деца.
Целата сторија можете да ја прочитате на линкот.