Слаткар и Тони Зен донесоа одлука: Не ни е до песна, не боли, не дави и не можеме да се правиме дека не е така
Слаткаристика се огласи на својот фејсбук профил каде напиша:
Не ни е до песна, не ни е до сцена, не ни е до светло, не ни е до микрофон.
Ова што се случи… ја скина душата на цела нација. Нè боли. Нè дави. И не можеме да се правиме дека не е така.
Затоа, заедно со @pragmaproduction решивме концертот кој беше планиран за 5 април, да го презакажеме за 11 октомври.
Ќе дојде време за музика, за глас, за сила. Ама сега – само молк. И почит.Бидете добри!