Словачкиот премиер Фицо на прво официјално патување надвор од Братислава по обидот за атентат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска посети област надвор од главниот град Братислава, првпат откако се врати на функцијата по обидот за атентат врз него.

Фицо, заедно со министерот за земјоделство Ричард Такач, посетија фарма во Нова Веса, североисточно од Братислава, со цел да ја проверат жетвата на житото.

Тој во краток говор изјави дека Словачка не е подготвена да ја укине забраната за увоз на земјоделски производи од Украина и им се заблагодари на земјоделците за вложените напори.

Фицо користеше бастун и не одговараше на новинарски прашања.

Ова беше негово прво официјално патување по закрепнувањето од нападот на 15 мај, кога беше застрелан во стомакот додека се поздравуваше со поддржувачите во градот Хандлова, 140 километри од главниот град.

Фицо, кој долго време се сметаше за поларизирачка политичка фигура во Словачка, се врати на власт по четврти пат минатата година, откако неговата левичарска партија СМЕР победи на парламентарните избори во септември

Back to top button
Close