Словенец уапсен во Хрватска – полицијата пронашла лабораторија за марихуана и над 4 килограми дрога

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 35-годишен државјанин на Словенија, поради сомнение за производство, продажба и овозможување користење на дрога, откако во објекти што ги користел на подрачјето на Каштела биле пронајдени повеќе од четири килограми марихуана и импровизиран лабораториски систем за одгледување.

Полицијата, постапувајќи по судска наредба, извршила претрес и во просториите открила вкупно 4.131 грам марихуана спакувана во различни пакувања, како и 58 стебла канабис со висина од 44 до 75 сантиметри. Според сомневањата, дрогата била произведувана со цел натамошна продажба.

Во истите простории бил пронајден и демонтиран систем со елементи за внатрешно одгледување на индиски коноп, како и две прецизни дигитални ваги.

Криминалистичката истрага утврдила и дека осомничениот во периодот од 25 април до 3 мај, во повеќе наврати му овозможил користење дрога на уште еден 35-годишен државјанин на Словенија.

Осомничениот ќе биде предаден во притворска единица, заедно со кривичната пријава, во текот на утрешниот ден.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close