Словенија ги тргна Хрватска, Франција и Чешка од групата епидемиолошки безбедни држави

 Словенија одлучи да ги тргне Хрватска, Франција и Чешка од таканаречената „зелена листа“ на држави кои се епидемиолошки безбедни, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ова го објави портпаролот на Владата Јелко Кацин, а по ваквата одлука граѓаните на тие три земји ќе мораат да бидат во 14 дневна самоизолација доколку влезат во Словенија. Причината за ваквиот чекор е зголемувањето на случаите на Ковид-19 во овие држави.

– Мораме да биде подготвени на многу потешко сценарио поради ширењето на коронавирусот и затоа владата процени дека е потребно заострување на мерките. Вирусот е присутен и затоа се соочуваме со големи проблеми, изјави Кацин.

Ваквата одлука на словенечката Влада највеќе ќе влијае врз граѓаните на Хрватска кои секојдневно патуваат во соседна Словенија.

Back to top button
Close