Снопче: Илире Даути продолжува да биде претседател на Комисијата

Пратеникот на коалицијата ВЛЕН, Халил Снопче на пленарната седница во Собранието изјави дека Илире Даути не е разрешена, таа и понатаму останува претседател на Комисијата за социјални работи и демографија и млади. Значи, оттаму се вели дека пратениците на ВЛЕН гласале против разрешувањето на Даути од функцијата како претседател на таа Комисија.

„Госпоѓата Илире Даути не е разрешена од функцијата претседател на Комисијата. Значи, мораме да го расчистиме ова прашање бидејќи имаше дезинформации во медиумите на албански јазик, бидејќи Илире Даути ќе продолжи да ја врши истата позиција. Затоа, она што беше протечено во медиумите е невистинито. Исто така, коалицијата ВЛЕН гласаше против разрешувањето на Даути“, рече пратеникот Халил Снопче.

 

Влен

Back to top button
Close