Со антифриз го отрула своето момче само неколку часа откако наследил 30 милиони долари
Жена од Северна Дакота го отрула своето момче откако дознала за неговите планови да ја остави – затоа што тој наследил 30 милиони долари само неколку часа претходно, соопшти полицијата.
Извесна Ина Теа Кенојер (47) во понеделникот беше обвинета за убиство на Стивен Едвард Рајли (51) на 5 септември, во ужасен чин за кој полицијата вели дека бил мотивиран од „финансиски мотиви“.
„Овој случај беше многу сложен“, рече детективот Дејл Плесас.
На Рајли му се слошило кога се сретнал со својот адвокат на 3 септември за да собере големо наследство, изјавиле сведоците пред инспекторите.
Дури следниот ден Теа се јавила на 911 – и болничарите го пронашле Рајли во несвест во домот, пренесува New York Post. Утредента починал во болница.
Аутопсијата утврдила дека тој починал откако проголтал антифриз, кој, според полицијата, му го подметнала паартнерката.
Во деновите пред неговото апсење, Теа се огласила на социјалните мрежи за да ја објави својата невиност, тврдејќи дека Рајли се самоубил.
Теа им кажала на инспекторите дека планира да го подели неверојатното наследство на Рајли, кое таа го процени на околу 30 милиони долари, со неговиот син, се наведува во податоците.
Рајли планирал да ја прекине романсата набргу откако ја добил огромната сума, што ги натерало инспекторите да увидат дали жената го отрула за да ги земе парите.
Теа Кенојер се соочува со обвинение за тешко убиство и е задржана во притвор.