Со кола удрил 17-годишен битолчанец и избегал

Денеска (18.01.) во 03.26 часот во СВР Битола стасало пријава за сообраќајна несреќа во која возилото одговорно за несреќата го напуштило местото на настанот.

На ул.„Партизанска” во Битола, непознатиот возач удрил 17-годишен пешак од Битола. Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди и е однесен во Клиничката болница Битола. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Back to top button
Close