Со постигнатиот консензус се избегна нова политичка криза, сметаат во ДУИ

ДУИ го поздравува постигнатиот консензус денеска после интензивните консултации помеѓу политичките партии, наведено е во партиското соопштение.

„Консензусот, јавното здравје и избегнување на длабоката политичка криза беше нашиот конзистентен став, затоа што одржувањето на изборите без консензус ќе ја влошеше ситуацијата до недоглед. Консензусот е нашето базично начело на функционирање на нашето мултиетничко општество затоа што го избегнува надгласувањето и маргинализацијата, додека во овој случај помага и во спречување на политичката криза. Ги повикуваме државните институции да ги подготват сите протоколи за
максимална заштита на здравјето на граѓаните за време на изборната кампања, а политичките партии доследно да ги почитуваат“, се вели во соопштението на оваа партија.

Back to top button
Close