Со правото, право во Трета светска војна

Нашиот сојуз на демократии го турка светот кон Трета светска војна. Зошто? Затоа што Русија, со агресијатврз Украина, и спротивно на меѓународнто право, го прекрши „светото“правило на неповредливост на границите во Европа по Втората светска војна. Всушност, ако сакаме крај на крвопролевањето, сега е моментот, на мировна конференција, на која би се прецртале границите меѓу Русија и Украина. Преседан има. Тој беше направен по интервен цијата на НАТО во југословенските војни со прецртувањето на границите меѓу Косово и Србија. Ако тоа не се стори бргу меѓу Русија и Украина, постои реална опасност Украина да загуби се.

Инсистирањето на правото, не ја објаснува причината за војната во Украина: руската безбедносна дилема визави НАТО проширувањето. Имено,во анархичната структура на меѓународното општество на држави, единствена гаранција е сопствената моќ на големата сила. Наместо да го разберат поведението на големите сили, европските политичари се на прагот да ни покажат како повикување на правото води право во војна.

Поинаку се размислуваше за време на Студената војна. Кога американската администрација на Кенеди ги организира кубанските емигранти за инвазија на Куба и соборување на режимот на Фидел Кастро на почетокот од шеесеттите , го прекрши меѓународното право. Значи, со истоварувањето во Заливот на свињите, Америка го прекрши меѓународното право, но сите знаевме барем толку од реалниот свет дека „сила Бога не моли“. И повторно, како држава која го брани својот суверенитет, Куба, според повелбата на ОН, имаше право да повика на помош сојузничка држава, па Москва постави ракетни системи на островот. Сепак, никому не му падна на памет да го споредува правото со моќта на Америка која, разбирливо, почувствува езистенционална закана за својата држава во чија близина беа поставени нуклеарни ракети.

Каде отиде стравот од ова искуство, не знам. Можеби годините поминати во мир под американка хегемонија го избришаа од сеќавањето, можеби Западот, владеејќи со светот 500 гидини, подлегна на она што се нарекува „ароганција на моќта“, можеби традиционалната русофобија има свој важен удел, или сето ова заедно. Но едно е сигурно – европските политичари ја туркаат Европа и Америка кон нуклеарна војна со Русија. И повторно, никој не зборува за причините за војната, а оние што ќе се осмелат се наречени „љубители на Путин“. Избледне меморијата дека Русија упорно повикуваше да не се шири НАТО во Украина, територија на која се прекршуваат старата руска историја и помалада украинска, зашто тоа е црвената линија после чие пречекорување ќе има војна. За причините на војната, значи, Европа, не само што одбива да зборува, туку и го казнува тој наратив во сојузот. Како мала земја која се бори за свој опстанок и нема глас во високата светска политика, оваа погрешна политика мора да ја следи и Македонија. Кажувајќи ја вистината само еднаш, имено дека ширењето на НАТО е вистинската причина за војната, американскиот претседател Доналд Трамт, ја смени плочата. Денес, под притисок на европските политичари и воено-индустрискиот комплекс во Америка, тој ја фали одлучноста на Зеленски да победи, овој пат, во војната со дронови.

Но, воздушна акција никогаш не решила војна без трупи на теренот. Така ќе биде и со војната со дронови финансирани од Америка , произведени во Европаи лансирани од Украина со помош на офицери на НАТО кои се на теренот. Дроновите, убедуваат непристрасните воени стручњаци нема да го променат текот на војната. Русија ја добива војната на теренот и во наредните месеци се очекува уништување на неколкуте последни упоришта на Украина, освојување на целиот Донбас и , евентуално, продор кон Новоросија, која Путин ја обележи како цел. Притисокот врз Путин да одговори на европските провокации е силен . Но тој се опира загрижен, верувам, пред можноста и после силен конвенционален удар, со „Орешник“ на пример, Европа да не прекине со напади и да ја вовлече Америка во сукоб со Русија.Оттаму неговата одлука, трпеливо да ги прима ударите на европски дронови и ракети без одлучен одговор кој би значел ескалација на војната. Зашто,, како и секоја друга, војна лесно се почнува ама тешко се затвора.Како за инает, Литванија сака да создаде нова Кубанска криза Некни, нејзината влада изрази спремност да стационира нуклеарно оружје на својата територија. Како членка на НАТО, Литванија ја штити член 5 од Повелбата. Но, верувам дека никоја не би сакал да дознае дали, навистина, и во реалноста, напад врз една членка ќе значи напад врз сите. Мислам деке е мала веројатноста Америка да влезе во нуклеарна размена со Русија заради Литванија. Но, кој знае како ќе реагира непредвиливиот Трам кој, разбираме, деновиве на два пати побарал од својот прв генерал нуклеарен напад врз Иран, но бил одбиен. Знае генералот што прави зашто ако се судрат големите нуклеарни сили ќе се отворат вратите на пеколот а „живите ќе им завидат на мртвите“, како што рекол Никита Хрушчов кој заедно со Џон Кенеди го спаси светот од нуклеарен холокауст.

 

Back to top button
Close