Собранието не ги почитува ни загинатите ни живите во Кочани, реагира в.д. градоначалникот на општинатa

Скандалозна е изјавата на собранискиот спикер со која се обидува да ја оправда непочитта на настраданите во трагедијата во Кочани и неработата на македонскиот законодавен дом по немилиот настан, смета в.д. градоначалникот на општината, Венко Крстевски.

„Наместо да се прекинат лошите практики од минатото, парламентарците во нив наоѓаат изговор за да не организираат комеморација за жртвите на корупцијата. На овој начин се покажува елементарно непочитување и кон загинатите и кон живите луѓе во Кочани. Со ова, првиот меѓу еднаквите народни избраници докажа дека токму тие се показател на општествената летаргија во која е потоната Македонија“, реагира Венко Крстевски, в. д. градоначалник на Општина Кочани.

Крстевски смета дека Собранието на Македонија со ништо не му помогна на Кочани во најтешките денови и упати повторен повик државните институции да не заборават дека на Кочани му е потребна итна рехабилитација

Back to top button
Close