Соединетите Американски Држави, кога ќе бидат предводени од Доналд Трамп, ќе го „напуштат“ конфликтот во Украина, а Европа сама не може да го финансира Киев во оваа војна, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан

Соединетите Американски Држави, кога ќе бидат предводени од Доналд Трамп, ќе го „напуштат“ конфликтот во Украина, а Европа сама не може да го финансира Киев во оваа војна, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

epa07567885 US President Donald J. Trump (L) welcomes Hungarian Prime Minister Viktor Orban (R) to the White House in Washington, DC, USA, 13 May 2019. Their meeting marks the first time a US president has granted Orban a formal visit in more than 20 years. EPA-EFE/JIM LO SCALZO

– Американците ќе ја напуштат оваа војна, пред сè нема да поттикнуваат конфликт, изјави Орбан за државното радио пред продолжението на неформалниот самит на лидерите на ЕУ во Будимпешта.

Тој додаде дека Европа не може сама да ја финансира Украина и покрај тоа што, како што наведе, „некои сè уште сакаат да продолжат да испраќаат огромни суми пари во оваа изгубена војна“.

Орбан додаде дека има и „онакви што молчат“ и дека „расте бројот на оние кои претпазливо велат дека треба приспособување на новонастанатата ситуација“.

Премиерот на Унгарија вчера на отворањето на дводневниот самит на Европската политичка заедница во Будимпешта изјави дека мора да се најдат начини за враќање на мирот во Европа.

Тој истакна дека на самитот ќе се разговара за безбедносните предизвици со кои се соочува Европа, а некои од прашањата ќе вклучуваат и како Европа може да преземе поголема одговорност за својата безбедност и мир во иднина, како континентот да биде поуспешен во спроведување на сопствениот интерес и да стане одлучувачки играч во дискусиите и случувањата кои ќе одлучуваат за неговата иднина.

На самитот во Будимпешта учествуваат 47 шефови на држави и влади од земјите на ЕУ, кандидатите за членство и другите земји кои граничат со ЕУ.

Back to top button
Close