Солскјер: Манчестер јунајтед има сили за ЛШ

– Манчестер јунајтед има сили да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер е убеден во ова.

Дваесеткратните англиски шампиони се на 5-то место во Премиер лигата, на само 3 бода зад Челси. Вулверхемптон, изненадувањето Шефилд Јунајтед и вообичаените осомничени Арсенал и Тотенхем, кои исто така, целат на Топ 4.

До пред прекинувањето на сезоната поради пандемијата од коронавирус, Јунајтед беше во одлична форма и беше во серија од 11 последователни натпревари без пораз на сите турнири. Последниот пораз датира од 22 јануари со 0:2 од Барнли на „Олд Трафорд“.

– Јас сум сигурен во нашите шанси. Дури и да немаше пауза, мислам дека бевме меѓу сигурните кандидати. Сега не знаеме во каква форма ќе продолжиме, но мислам дека сè ќе биде добро. Имаме одлични играчи кои се враќаат од повреди, затоа што претходно ги немавме Маркус Рашфорд и Пол Погба во болницата. Ако се вратат во форма, шансите се тука. Одлично ќе биде да се пласираме во финалето на ФА Купот, иако ќе биде чудно без навивачите на трибините. Тоа сепак ќе биде трофеј и добро е да го имаме. Ќе видиме што ќе се случи, но шансата е голема, рече Солскјер.

Back to top button
Close