Сонцето одново изгрева, за нас бијат камбаните!

Грешка тешка,
Срам и смешка!
Сосед збесна
отпор, песна…

Збесна братот
Акал, краток
Владар бесен
Балкан тесен!

Не е лесно, тешка мака
Комшијата крена рака!

Не е шега
Зборот бега
Лесен, бесен
Срце стега.

Грешки, смешки
Зборој тешки
Срам и арам.

Превртени, зборој рој
Захар – пелин!
Краси-бој!

Лае Захар
Аф,аф… ам, ам..
Ниту усул
Ниту страм!

Ништо ваше,
Се е наше!
Од Кулата до Словачка
Смешка, смешка, прпелешка
До Волтава и до Чешка.

И на лево,
И на десно,
Се е наше, се на ОВ
Од горниот, до долниот
И тој е, на ОВ!

Крачка, крачка
Миц по миц
Политика и владари
Се што беше виц!

Глава горе, сосед збесна
Отпор силен, песна, песна…
Слоешница, Небрегово…
Петре пиреј
Блаже спокој.

Крсте Постол
Нова Гваделахара!
Ти, Ернесто, знаеш како
Таму: изгубено поколение
Овде: сонцето одново изгрева!

Може да не скршат,
Не и да не свиткаат.
Може да не уништат,
не и да не победат.

Таму: mala fortuna (злобна среќа).
овде: mucha suerte (малку среќа).

Бикот borasho (пијан)
Cornada, cornada (удира со рогот)
Мисицата пушта globus illiminadost (светлечки балони)
Poules politikus,
од Пигалската удолнина, под Монамртр.

Блиску е Василица
Вевчанци ги спремаат маските.

По мислите на Ернесто
Сурати, some enciero (црни муцки)
Разјарени бикови
Очи превртени.

Сон неодсонуван
Охрид, Рим, Сан Стефано…
Јешилшќој во сонот
Караќој во душата.

Задоцнет Tur du Raus
Virus Balkanicus!

Сонцето одново изгрева!
(El sol está saliendo de nuevo).
Се топат снеговите на Килиманџаро
За нас бијат камбаните!

Веле Митаноски

Back to top button
Close