Сончево и топло, попладне се очекува краткотраен пороен дожд

Денеска во земјава повторно се очекува нестабилно време.

Претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне се очекуваат локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Температурите ќе се искачат до 29 степени Целзиусови.

Во Скопје и во околината претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите ќе се искачат до 26 степени

Back to top button
Close