Сончево и топло со темпратури до 27 степени, на 1 мај дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во источните делови со услови за слаб локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму велат дека ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, а минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната од 19 до 27 степени.
„Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 25 степени“велат од УХМР.
Утре ќе има изолирана, а во четврток на повеќе места и нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме.

Од петок и за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, ќе дува северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени.

Back to top button
Close