„Сонувам големи соништа“ –  Родители на момче убиено во масакрот во Белград го објавија неговиот награден расказ

Едно од момчињата беше убиено во крвавиот масакр што се случи на 3 мај годинава во основното училиште „Владислав Рибникар“ беше опишано како еден од најталентираните ученици на таа институција. Неговите пријатели го опишаа како насмеан и весел, со ведар  дух. Неговите родители два месеци по неговата смрт објавија еден негов расказ за кој добил награда.

Родителите, скршени од болка, на својот Фејсбук профил ја споделија веста за која би требало да се радуваат заедно со синот.

Тема „Нов почеток“

„Во оваа наша трагедија и болка која никогаш нема да помине,сакаме со вас да споделиме нешто убаво, а сепак толку болно што уште повеќе ги кине нашите веќе скршени срца. Сакаме да ви го покажеме расказот на нашиот син кој на овогодинешниот „Есеј 2022″ во организација на КУ Божидарац го освои второто место. Есејот е напишан на темата “Нов почеток” зададена од организаторите. Темата е убава, предизвикувачка – вели таткото и додава: “За жал, тој сон, за нов почеток, нашиот син немаше можност ниту да се обиде да го реализира затоа што животот му беше одземен од истрел од пиштол и куршум во срцето, од рака на соученик кому ниту едно од децата во тоа училипте не му направи ништо лошо. .

Есејот ви го претставуваме во целост:

„Сите имаме некои нови почетоци. За некого новите почетоци претставуваат пречка во животот, додека за некој друг новите почетоци се нови предизвици, возбудливи авантури, животна цел… Може да биде почеток на училиште, преселба, но и некоја нова симпатија.За мене новиот почеток го претставува моето идно образование во странство.

Во музичко училиште тргнав на шест години. Сега имам тринаесет години и сум седмо одделение основно и прво одделение средно музичко училиште. Тешко е, морам да признаам, но ако го сакате тоа што го работите, ништо не е тешко. Во текот на моето досегашно музичко образование имам освоено бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Моите професори сметаат дека сум многу талентиран и ме советуваат да го продолжам образованието надвор од Србија на една од престижните академии.

Студирањето во странство за мене претставува голем предизвик, на кој се надевам дека ќе можам да одговорам со поддршка од моите родители, пријатели и професори. Со заминувањето во странство, ќе морам да се прилагодам на нова средина: поинаков начин на работа, поинаква култура, високите барања на академијата… Можеби ќе треба да учам нови јазици и да бидам подготвен за ситуации во кои ќе мора да се потпирам само на себе. Ќе морам да се грижам за моето секојдневие имајќи само 17 години. Сепак, верувам дека ќе бидам подготвен.

„Сонувам големи соништа“

“Со заминувањето од Србија ќе имам можност да посетам некои знаменитости на други земји, да доживеам нешто незаборавно, да развијам нови пријателства. На академијата ќе запознаам други талентирани музичари со кои ќе можам да свирам заедно. Кој знае, можеби ќе создадеме свој мал оркестар кој ќе свири композиции од Моцарт, Штраус, Малер на огромна сцена.Се надевам дека ќе имам можност да запознаам некои светски познати пијанисти како Ланг Ланг, Иво Погорелиќ, Евгениј Кисин… Можеби јас ќе има шанса да биде студент во мастеркласовите на престижни професори.

Сепак, престижните академии, како Џулијард во Америка, Кралската музичка академија во Велика Британија или Московскиот конзерваториум бараат големи финансиски инвестиции и се надевам дека ќе бидам доволно добар за да заслужам стипендија за студирање на таков универзитет. Имам големи соништа и се надевам дека еден ден ќе ги остварам. Одењето во странство е само дел од моите соништа, само уште еден нов почеток. Можеби сега мислите дека јас сум само во заблуда и дека моите соништа се недостижни, но верувам дека со талент и напорна работа невозможното не постои“, заклучува во својот есеј момчето кое го освои второто место.

Back to top button
Close