ДУИ: Унапредување во работните места повеќе не е зависно од хоризонталните движења на различни работни места

Скопје, 1 јуни 2020
Демократската Унија за Интеграција ги известува сите вработени во државната и јавната администрација дека од денеска стапуваат на сила измените на Законот за државни и јавни службеници.
Овие промени овозможуваат: Признавање на дипломите за сите оние администратори во државниот и
јавниот сектор кои се вработени со средно образование и кои дипломирале на факултет во меѓувреме.
Тие ќе ја добиваат својата плата според нивото на образование што го поседуваат.
Станува збор за сите вработени според овие два закони во централната и локалната самоуправа, образованието, науката, културата, здравството, работата и социјалната политика, агенциите, фондовите, јавните институции итн.
Унапредување во работните места повеќе не е зависно од хоризонталните движења на различни работни места. Ова го отвора патот за заслужен напредок на многу администратори.
Остварувањето на ова ветување донесе 100% исполнување на ветената програма на ДУИ во изборите 2016 година.
Демократска унија за интеграција