Ја нападнале продавачката во маркет, а потоа и човекот што се обидел да и помогне


Двајца жители на скопско Идризово се приведени поради агресивно однесување кон продавачка во маркет, а потоа и физички напад врз соселанец кој се обидел да ја заштити.

Според МВР, на 22 август во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Х.(25) и А.Х.(20).


Тие, според пријавата, најпрво се однесувале агресивно кон вработената во маркет во Идризово.

Потоа физички го нападнале и И.О.(41) од истото село, при што употребиле и тврд предмет, откако тој им кажал да престанат со таквото однесување кон продавачката.

Двајцата се задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.

Back to top button
Close