Ескалираа протестите во Тирана: Демонстранти фрлаа камења, полицијата возврати со водени топови и солзавец

 Масовните антивладини протести во албанската престолнина денеска ескалираа во судири меѓу демонстрантите и полицијата, откако учесници на протестот фрлаа камења и пиротехнички средства кон безбедносните сили и државните институции. Полицијата интервенираше со водени топови и солзавец, додека на повеќе локации во градот беа запалени контејнери и поставени барикади.

Денешните протести почнаа како собир пред Министерството за образование во Тирана, но подоцна се проширија кон централните градски зони и зградата на Владата. Во текот на протестите дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, при што беа фрлани камења и пиротехнички средства, а полицијата употреби водени топови и солзавец за растерување на насобраните.

Протестот организиран од студенти и граѓани почна денеска во 14:00 часот почна пред Министерството за образование во Тирана. Демонстрантите, како што објави албанската новинска агенција АТА, се собрале пред зградата на министерството, при што биле запалени неколку канти за отпадоци, изразувајќи загриженост дека Албанија станала неподносливо место за живеење и барјќи промена на раководството на земјата.

Претходно денес, лидерот на Демократската партија (ДП), Сали Бериша, предводеше собир пред кабинетот на премиерот. По околу еден час, пратеници и поддржувачи на ДП се упатија кон Министерството за образование. На улицата Драч „Руга е Дуресит“, тие наидоа на група млади луѓе кои извикуваа: „Рама во затвор, Бериша во затвор“.

Симпатизерите на албанската Демократска партија, исто така, вадеа плочки од тротоарите и ги запалија столиците наменети за дијалог, кои Еди Рама ги постави пред зградата на албанската Влада како покана до студентите за дијалог.

Како што студентските демонстрации стануваа сè понапнати, одредени групи почнаа да фрлаат камења кон Министерството за образование и кон полицијата, која одговори со водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите. Протестите потоа продолжија кон плоштадот „Скендербег“, а потоа и кон зградата на Владата. По пристигнувањето на групата, пред зградата избиле нови судири.

Демонстрантите фрлале камења и пиротехнички средства кон полицијата и водените топови, додека полицијата возвратила со водени топови и солзавец и ја потисна толпата наназад.

На влезот од улицата „Муслим Шири“, демонстрантите извлекоа контејнери за отпад на коловозот и ги запалија, создавајќи барикада против полициските сили. Во меѓувреме, полициските службеници продолжуваат да напредуваат кон влезот на улицата, поддржани од пешадиски единици и возило со воден топ.

Тензиите во Тирана остануваат високи, а протестите во се одвиваат во услови на зголемено политичко и социјално незадоволство насочено кон владата на премиерот Еди Рама. Во последните месеци опозициската Демократска партија, предводена од Сали Бериша, организираше повеќе демонстрации со барање за предвремени избори, обвинувајќи ја Владата за корупција, лошо управување и влошување на животниот стандард.

Во исто време, студентски и граѓански групи изразуваат незадоволство поради економските услови, високите трошоци за живот, иселувањето на младите и состојбите во образовниот систем. Дел од демонстрантите сметаат дека Албанија се соочува со сериозни проблеми поврзани со вработувањето, социјалната сигурност и перспективите за младите.

.

Back to top button
Close