ДОМ: Разочарани сме од одлуката на ОЈО да не ја испита на законитоста на работата на градоначалникот на општина Сарај

Сooпштение на ДОМ:

Зелената партија ДОМ е длабоко разочарана од одлуката на Јавното обвинителство да не ја прифати иницијативата на Антикорупциската комисија за испитување на законитоста на работата на градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети. Даваме целосна поддршка на ставот на Антикорупциската комисија за преиспитување на одлуката на Обвинителството и контрола од повисоките инстанци.

Потсетуваме дека на почетокот на минатата година, Инспекторатот на град Скопје изврши инспекциски надзор со кој констатираше дека платформите на Матка се бесправно изградени. Антикорупциската комисија утврди дека градоначалникот на Сарај и покрај законската обврска не ги одбил барањата за легализација и со своето непостапување го оневозможил отстранувањето на дивоизградените платформи на Матка. Со тоа, тој дозволи узурпација на природното наследство во заштитеното подрачје-споменик на природата Матка, за што мора да има одговорност.

Back to top button
Close