Соседот на атентаторот на Фицо: Ми кажа што го револтирало

„Шокиран сум. Тој беше љубезен и мирен тип“, изјави долгогодишен сосед и пријател на атентаторот на фицо, Мил Лудовит за британски „Гардијан“

„Го познавам со децении. Ако нешто планирал, немало никакви знаци. Но, не можам да знам што имало во неговата глава“, рече тој.

Лудовит ги потврдил претходните медиумски извештаи дека Цинтула бил поранешен чувар, кој пишувал песни, пренесуваат локалните медиуми.

Људовит рече дека двајцата повремено разговарале за политика и дека Цинтула изразувал лутина поради, како што сметал, зголемените напади врз слободата на говор под водство на Фицо.

Back to top button
Close