Советникот на украинскиот претседател, Арестович поднесе оставка

Советникот на украинскиот претседател Oлексеј Арестович денеска поднесе оставка по изјавата дека Киев соборил руска ракета што погодила станбен комплекс во Дњепар.

Арестович се извини и рече дека направил „фундаментална грешка”.

Изјавата предизвика критики низ Украина, а руската страна ја искористи за да го обвини Киев за нападот, тврдејќи дека нападот не бил насочен врз цивили.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се уште не ја коментирал одлуката на неговиот советник.
Арестович, неколку часа по нападот во саботата, изјави дека зградата најверојатно била погодена од ракета соборена од украинската противвоздушна одбрана. Украина соопшти дека зградата била погодена од руски проектил Кх-22, против кој Киев нема одбранбен систем и кој наводно е исклучително непрецизен.

Во нападот врз станбениот комплекс во Дњепар загинаа 44 лица, меѓу кои пет деца.

Back to top button
Close