Советот на амбасадори ги повикува политичките субјекти да дадат придонес во успешното спроведување на пописот

– Советот на амбасадори ја поздравува решеноста на Владата за спроведување на пописот и ги повикува сите политички чинители и невладиниот сектор да дадат свој придонес во успешното спроведување на оваа статистичка операција.

– Тоа е значајна статистичка операција која што не е направена веќе дваесет години. Нашата држава е членка на НАТО и аспирант за членство во ЕУ, сериозни организации во кои земјите, освен придобивките треба да исполнуваат и одредени обврски. Пописот е значаен и како исполнување на наша обврска заради стручни, научни, економски, политички и дипломатски анализи од членството во Обединетите нации и другите меѓународни организации (Светска банка, ММФ, ОБСЕ, СЗО, ИЛО, ИСО, …), наведува Советот на амбасадори во денешното соопштение.

Оттаму, изразуваат жалење што уште во фазата на подготовка, пописот е политизиран од страна на одредени политички субјекти и поединци со тенденција на повикување на бојкот.

– „Совет на амбасадори“ верува дека и покрај одредените несогласности меѓу политичките партии околу донесувањето на Законот за попис, сепак Методологијата за работа треба да се донесе во соработка и со консензус меѓу сите политичките  чинители, се наведува во соопштението.

Back to top button
Close