ДИК претседателски избори: Гордана Силјановска Давкова – 63,42%, Стево Пендаровски – 30,07%

Првичните резултати од денешниот втор круг претседателски избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени речиси половина од гласачките ливчиња, води кандидатктата на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 235.552 (63,42%), а Стево Пендаровски од СДСМ има 111.703 (30,07).

Според податоците на ДИК, Силјановска Давкова води во 67 општини, а Пендаровски во 12.

За претседател во вториот круг на гласање ќе биде избран кандидатот кој ќе добие мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излезат повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 725.727 гласачи, како што е предвидено во Изборниот законик, а за него гласале 362.864 избирачи.

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски вечерва изјави дека според податоците пристигнати до 18:30 часот, одѕивот на изборите за шеф на државата бил 46,34 проценти.

ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност. аа/сa/

Back to top button
Close