Тик Ток анестезиологот покрај притворот и судскиот процес ќе остане и 7 години без лиценца
Лекарската комора пред малку на прес-конференција информираше за преземените активности во врска со случајот со анестезиологот од тетовската клиничка болница кој на социјалната мрежа Тик-ток објави снимки од пациенти и медицински персонал.
Според советот на честа на комората ја започнала постапката за времено одземање на лиценцата. Максиимално времено одземање на лиценцата според председателката на комората проф.др Старделова е 7 години. Трајно одземање како што појасни се применува кога има судска пресуда во која има смртен исход.
-Изразуваме најдлабоко жалење и во име на целата струка се извинувам до сите пациентки кои лежеле беспомошно, а биле снимани без да бидат прашани – изјави претседателката на лекарската комора
Анестезиологот од Тетовската болница беше уапсен веднаш по инцидентот а судот му одреди 8 дневен притвор.Министерот за здравство ја извести јавноста дека тој и директорот на болницата му го прекинале работниот однос и изразија згрозеност од настанот.