СП 2026: Белгија се пожали на условите за тренинг пред дуелот со Шпанија


Белгиската фудбалска репрезентација се соочи со нови проблеми на Светското првенство во Канада, САД и Мексико.

Белгиската федерација објави дека тренинг центарот што првично им беше доделен од организаторите за подготовки за денешниот четвртфинален натпревар против Шпанија не ги исполнувал „ниту минималните стандарди потребни за тренинг“.

ФИФА брзо реагираше брзо и им дозволи на Белгијците да тренираат во комплексот на МЛС лигашот Лос Анџелес Галакси, наместо на терените во кампусот на Универзитетот Лојола Меримаунт како што беше првично планирано.

Од своја страна, Универзитетот, кој се наоѓа во калифорниската метропола, изрази изненадување од белгиската реакција.

„Нашиот терен е во одлична состојба и го користеле многу професионални спортски тимови – а неговата употреба е планирана за ова лето“, изјавија од универзитетот за „Атлетик“.

Белгија вечерва со почеток во 21 часот по средноевропско време во Инглвуд ќе се соочи во четвртфиналето со Шпанија, која е единствената репрезентација на Светско првенство која сè уште не примила гол

Back to top button
Close