СП 2026: Парагвај до голема победа над Турција

Репрезентацијата на Парагвај направи подвиг на Светското првенство откако утрово во дуелот од 2.коло од групата Д ја победија Турција со 1:0, а целото второ полувреме играа со игра десет играчи. Со трите бодови Парагвај добива шанса за пласман во следната рунда, додека Турција нема шанси за пласман во следната фаза.

Парагвај поведе во 2.минута со голот на Матиас Галарза и предноста успешно ја чуваше, иако во 45+3 минута продолжи со играч помалку по исклучувањето поради неспортско однесување на Мигуел Алмирон. Во најголемиот дел од вториот дел Турција имаше напади, но одличната одбрана на Парагвај и голманот Орландо Хил не дозволија нивната мрежа да се затресе.

На вториот дуел од групата Д одигран синоќа САД – Австралија 2:0.

Американците се први во групата со 6 бодови и пласирани во следната рунда, Австралија има 3, Парагвај 3, а Турција е без бод.

Во третото (последно) коло од групата ќе играат: Турција – САД и Австралија – Парагвај на 26.јуни (петок).

Back to top button
Close