СП 2026: Селекторот на Белгија верува во неговиот тим и пласман во полуфиналето

По Франција вечерва ќе биде позната уште една репрезентација учесник во полуфиналето на Светското првенство. Во Лос Анџелес играат европските селекции Шпанија – Белгија, а почетокот на дуелот е во 21 часот.

–  Знаеме дека играме против еден од фаворитите, очигледно, ги познаваме сите играчи поединечно. Но, силата на овој тим е сè уште колективна, како што отсекогаш било случај во последните 15 или 20 години за шпанскиот тим, квалитетот на нивната игра. Мислам дека тие се сè уште број еден во поседот на топката, на пример. Би рекол дека новоста е што се посолидни, можеби отколку порано, не примиле гол на турнирот. Статистиката е направена за да се крши. Значи, очигледно, ќе направиме сè што можеме за да постигнеме гол во ова четвртфинале. Сакаме да оставиме наш белег. Имаме многу добар тим. Способни сме да постигнуваме голови. Доказ е дека имаме втор најдобар напад на Светското првенство. Мислам дека ние сме тимот што имаше најмногу шутеви на ова Светско првенство. Сите веќе нè гледаат како елиминирани, но ние веруваме во себе, мислиме дека можеме да го направиме тоа и ќе направиме сè што можеме за да стигнеме до полуфиналето, изјави селекторот на Белгија Руди Гарсија на прес конференцијата пред дуелот со Шпанија.

Белгија во групата одигра два натпревара без победник – Египет 1:1 и Иран 0:0 и го совлада Нов Зеланд со 5:1. Во нок аут фазата совладани беа репрезентациите на: Сенегал 3:2 и САД 4:1

Back to top button
Close