СП 2026: Селекторот на Бразил даде објаснување на изведувачот на пеналот


Бразил по поразот од Норвешка (1-2) го заврши настапот на Мундијалот во осминафиналето. Сепак ситуацијата на нереализираниот пенал во 14 минута при резултат 0:0 привлече многу внимание, особено што ударот на изведувачот Бруно Гимараеш противничкиот голман Ојран Ниланд го одбрани.

– Најдобриот изведувач на пенали во националниот тим е Рафиња. Тој не беше на теренот. Потоа, Нејмар, па Игор Тиаго, потоа беше Бруно Гимараеш. И по Бруно Гимараеш, беше (Габриел) Мартинели. Го избравме Бруно Гимараеш затоа што мислевме дека е најдобар на теренот. Понекогаш мора да се справите со разочарувањето од пораз, а јас сум доста навикнат на тоа. Да го искористиме овој пораз како нов поттик за нашата работа, изјави селекторот на Бразил Карло Анчелоти.

Вториот пенал на натпреварот „кариоките“ го реализираа во 90+10.та минута, а стрелец беше Нејмар

Репрезентацијата на Бразил на ова Светско првенство одигра нерешено 1:1 со Мароко на стартот, па во групата имаше две победи Хаити (3:0), Шкотска (3:0) и Јапонија (2:1) во 1/16 финалето.

Back to top button
Close