СП 2026: Сензација на Мундијалот – Зелено’ртски Острови одиграа без голови против Шпанија

Првата голема сензација на Светското првенство се случи попладнево откако еден од фаворитите за шампионскиот пехар Шпанија одигра нерешено – 0:0 со репрезентацијата на Зелено’ртски Острови. Ова беше првиот натпревар во групата Х.
Шпанија во текот на целиот натпревар имаше иницијатива, но не успеа да постигне гол, а еден од најдобрите поединци на дуелот беше голманот на Зелено’ртски Острови Возиња. Искусниот голман (40 години) одлично „командуваше“ со одбраната на својата репрезентација.
Во 71.минута селекторот на Шпанија де ла Фуенте во игра го внесе и Ламине Јамал, но и тој не успеа да најде решение за постигнување на гол за „црвената фурија“. Репрезентацијата на Зелено’ртски Острови, во последните минути имаа шанса, но ударот на Боргес шпанскиот голман Унаи Симон го одбрани.
Во вториот дуел од оваа група играат: Саудиска Арабија и Уругвај со почеток на полноќ.






