СП: Таравари и Села решаваат за иднината на партијата

 

Централното претседателство се изјаснило за самостоен настап на изборите, секоја коалиција, без оглед дали е со владејачката ДУИ или со опозицискиот ЕСП, ќе значи неминовен расцеп, бидејќи дел од партиските структури се приклонуваат кон власта, дел кон опозицијата, велат во партијата.

По средбата помеѓу лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, и претседателот на партиското Централното собрание, Зијадин Села, која треба да се случи денеска, најверојатно ќе се знае конечната одлука за тоа како партија ќе настапи на изборите. Села, откако синоќа во отсуство на партискиот лидер се сретна со претседателите на ограноците, очекува лично од Таравари да ја слушне понудата од состанокот со косовскиот премиер Албин Курти и со опозициските лидери Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши.

Пред Алијанса да ја донесе конечната одлука за изборниот настап, прво се очекува средба на најтесното партиско раководство, кое ќе ги разгледа сите опции – едната е за самостоен изборен настап, другата опција за коалиција со ДУИ или со албанската опозиција, по што Таравари ќе го свика Централното претседателство (ЦП) и неговите членови ќе може да разгледаат повеќе опции за позиционирањето на Алијанса на изборите. На Централното собрание што го свикува Села, претседателот Таравари ќе понуди една опција, односно таа што го добила мнозинството од партиското раководство и од Претседателството.

Back to top button
Close