СП-Ученичка направила список на соученици во ОУ „Кочо Рацин“ во Скопје кои сакала да ги повреди
ОУ „Кочо Рацин“ Скопје / Фото: Викимедија
Родителка на ученик вчера во полиција пријавила оти во училиштето циркулира „список“ напишан од една ученичка со закани за своите соученици, дознава „Слободен печат“ од свои доброупатени извори.
„На 08.05.2023 во СВР Скопје 47-годишна жена пријавила дека во основно училиште на подрачје на Центар, ученичка во училиштето направила список со закани за соученици“, потврдија од МВР за „Слободен печат“ без да го откријат името на училиштето.
Од таму додаваат дека е известена директорката на училиштето, Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Повеќе ТУКА






