СП2026: Меси прв на вечната листа со 17 мундијалски голови


Во воведниот натпревар од 2. коло во групата ј на Светското фудбалско првенство, бранителот на титулата Аргентина води по првото полувреме против Австрија со 1-0 со голот капитенот Лионел Меси, кој вечерва на стадионот АТ&Т во Арлингтон испиша историја, станувајќи најдобар стрелец на мундијалските турнири.

Триесетиосумгодишниот Меси ја донесе Аргентина во водство во 38. минута, постигнувајќи го својот четврти гол на ова Светско првенство, а вкупно 17. на мундијалските турнири.

Меси сега е најдобар стрелец во мундијалската историја, оставајќи го зад себе поранешниот германски репрезентативец Мирослав Клосе кој во кариерата постигна 16. голови на светските првенства.

Меси имаше можност да го урне рекордот на Клосе веќе во 9. минута од дуелот против Австрија, но аргентинскиот капитен беше непрецизен од белата точка.

Back to top button
Close