Спасовски: До крајот на годината промена на документите со новото име на државата
Граѓаните на Северна Македонија до крајот на годинава ќе мора да ги сменат документите за идентификација, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој додаде дека новите документи за идентификација ќе треба да го носат новото име на државата, односно Република Северна Македонија.
Министерот Спасовски упати и критики до локалната власт за промена на имињата на улиците со што, според него, се одолговлекува издавањето на личните документи.






