Спасовски: Инцидентот во Охрид е дел од хибридна војна, тепачите и тепаниот се од иста групација!

Дел од хибрдната војна против Северна Македонија е и последниот случај во Охрид, со претепувањето на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот културен клуб поради кој овие денови се нарушија кревките македонско бугарски односи, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Утрински печат“.

– Луѓе од иста групација и се оние коишто тепаат и оние коишто се тепани. Тоа ја докажува таа хибридна војна. Секое инкриминирачко дејство што се прави државата реагира во овој дел и ние кажуваме дека не може во ниту еден момент, ниту еден граѓанин, без разлика на национална, верска, политичка и било која друга припадност да биде физички нападнат и да биде малтретиран. На тоа државата јасно ќе се спротивстави и ќе преземе мерки какви што презема и во овој случај. Иако се обидуваат да ни накалемат дека државата не презема мерки за некоја категорија на граѓани, дека не води ефикасни истраги, што не е точно – рече Спасовски.

 

– Advertisements –

 

 

Спасовски потенцира дека последните случувања се дел од поголемо сценарио, зад кое стојат одредени неодговорни политичари кои, според него, не сакаат да имаат добри односи во регионот.

 

-Многу лажни вести се шират. Не реагирала полицијата иако било пријавено, не реагирало здравството, што не е точно. Веднаш после пријавата, после сознанијата македонсктите полицајци отидоа во болница за да видат што се случува, да земат изјава, се дадоа првичните изјави. Во болничките центри, во Општа болница се преземени мерки, од првично згрижување на пациентот и заминување во Свети Еразмо. Ова мора да го знае македонската јавност за да не бидеме манипулирани поради неинформираност – вели Спасовски.

 

Тоа што повредениот Пендиков експресно беше префрлен во Бугарија на лекување, според него, е исто така дел од смислено сценарио.

-Секако дека ова е креирање на сценарио, со кое се сака да се покаже наводна грижа, а исто таква и подобра може да добие и во установите во РСМ. Нашиот дел ќе го правиме. Не смее да подлегнеме на провокациите од било која страна која ќе го наруши нашиот меѓудржавен однос, која ќе го наруши нашиот пат кон ЕУ. Иако сметам дека сериознио државата мора да реагира и да одговори на секоја провокација и навреда на македонскиот народ и македонската држава – порача Спасовски.

Back to top button
Close