Спасовски: Лага е дека сите полицајци биле на ОБСЕ, одделот за насилен криминал и крим полицијата беа ангажирани во потрагата по Вања

Лага е дека сета полиција била ангажирана за Министерскиот самит на ОБСЕ, рече Оливер Спасовски на гостувањето утринската емисија „Слободен печат“ на Слободна ТВ. Како што кажа министерот, крим полицијата и одделот за насилен криминал биле максимално ангажирани во потрагата во Вања Ѓорчевска.

„Тоа го кажав и сега уште еднаш укажувам, таквите шпекулации се тенденциозни бидејќи ангажманот на поилцијата не престанува со организација на еден настан, ангажманот на полицијата за ОБСЕ беше под директно водство на одделот што се занимава со таа активност, а тоа е одделот за заштита на определени личности и објекти, да со помош на одделот за организиран криминал, воздухопловни единици, сообраќајната полиција, но сите други сегменти си функционираа нормално. Така што во другиот случај, одделот за насилен криминал, крим полицијата беа максимално ангажирани во потрагата по Вања“, изјави Спасовски.

Back to top button
Close