Спасовски: Со внесување на Бугарите во Уставот се побива тезата дека сме ист народ
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, смета дека со внесување на Бугарите во македонскиот Устав ќе се побие тезата дека сме ист народ.
Зошто да не преку внесување на бугарите во Уставот им ја избиеме долгогодишната теза на Бугарија дека ние сме еден народ со нив?
Не сме.
Нашето право да бидеме Македонци, да зборуваме на македонски јазик, да бидеме со посебна култура, посебен македонски идентитет, тоа никој не може да го спори. Фактички кога ќе влеземе со промена на Уставот, тоа ќе го потврдиме. – напиша Спасовски на Фејсбук.