Специјалци влегоа во „Идризово“ во потрага по дрога и разбивање на нарко група во затворот


Специјалци од МВР попладнево упаднале во затворот „Идризово“ каде вршат претреси. Според неофицијални информации блокирани се влезовите и излезите од полуотвореното и отвореното одделение.

Акцијата е во координација со затворската управа. Неофицијално станува збор за разбивање на нарко група која дејствува во рамки на затворот.
За потсетување изминатиов период беа опожарени неколку возила на службеници од затворот, меѓу кои и службеното возило на заменик директорот. Неговото опожарено возило беше најдено пред џамија во Студеничани.

Back to top button
Close