Србија и Нови Сад и денеска во 11:52 часот застануваат за почит на жртвите во трагедијата

Неформална група студенти на Академијата за уметности во Нови Сад најави блокада на сите три згради на академијата во тој град, за да се солидаризираат со колегите од Факултетот за драмски уметности во Белград.

Блокадата ќе трае 12 часа, од 9 до 21 часот, јавија локалните медиуми.

Студентите на Факултетот за драмски уметности побараа МВР на Србија да поднесе кривична пријава против лица познати во јавноста и да ги идентификува другите членови на организираната група која физички нападна студенти и професори за време на петнаесетминутната почит кон оние кои загинаа во Нови Сад.

 

Наведувајќи дека ќе ја продолжат блокадата на факултетот додека не се исполнат овие барања, ги повикаа и останатите студенти да иницираат блокади на нивните факултети.

 

Студентите на Универзитетот во Белград денеска планираат 12 часа да организираат блокада на зградата на Ректоратот. За време на таа акција ќе им се придружат и дел од професорите.

 

Планот е блокадата да започне во 11.52 часот кога падна бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад и да трае до 23.52 часот.

Опозицијата во Нови Сад ја одложи најавената блокада на судот и Обвинителството во Нови Сад, но денеска во тој град, како и во другите градови во Србија, во 11:52 часот ќе се организира акцијата „Застани, Србија“, со цел уште еднаш да им оддадат почит на жртвите на железничката станица по падот на настрешницата

Back to top button
Close