Сребрениот медал од ЛЕ, Мурињо го подари на навивач на Рома

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, медалот добиен за учеството во финалето на Лига Европа го даде на млад навивач кој беше на трибините на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.

 

На одење кон соблекувалната, Мурињо отиде кон една од трибините каде беа сместени навивачите на римјаните и му го дофрли сребрениот медал на едно момче.

 

Рома го загуби финалето со Севилја по изведувањето пенали.

 

Поразот од Севилја беше прв за Мурињо во финале од европските купови. Португалецот ги доби претходните пет финалиња

Back to top button
Close