Сред зима на Антарктикот измерени 15°C – Научници велат: Ова не е нормално
Тeмпературите на Антарктикот надминаа 15°C овој месец, со што го урнат рекорд и тоа предизвика загриженост за брзината на промената на климата. Нова рекордна зимска температура од 15,4 степени Целзиусови беше регистрирана на 6 јуни во аргентинската база Есперанца на полуостровот Тринити, во услови на продолжен топлотен бран за време на кој највисоката дневна температура беше над нулата три недели по ред, пишува Гардијан.

„Ова е сосема неверојатно“, рече Раул Кордеро, еквадорски професор по климатологија на Универзитетот во Гронинген. „Исто така, е околу дваесет степени Целзиусови над нормалното за ова време од годината. Тоа е огромна аномалија.“ Невообичаено силни топли ветрови од север дуваа низ поголемиот дел од Антарктичкиот Полуостров. Според Кордеро, една чилеанска метеоролошка станица, Бунен Ривера, регистрираше температури од речиси 13°C.
На островот Кинг Џорџ, на 160 километри од базата Есперанза, истражувачите велат дека пејзажот се променил од претежно бел во кафеави, сиви и зелени бои откако температурите достигнале 4,6 степени Целзиусови на 6 јуни. „Изминатиот викенд беше многу необичен. Температурите тука беа многу високи, па сè надвор се стопи“, рече чилеанскиот глациолог Луис Муњоз. „Во ова време од годината обично имаме 20 сантиметри снег и многу мраз на земјата.






