Средба Вучиќ/Мицкоски: Разговаравме за економски и инфраструктурни проекти, за изградбата на пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и македонскиот премиер денеска во Белград имаа средба фокусирана на зајакнување на односите и заеднички иницијативи за постабилна иднина.
„Разговаравме за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент на изградбата на пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја, која би ги поврзала јужна и централна Европа, како и за подобрување на трговската размена и соработка во областа на енергија. Се согласивме дека солидарноста и меѓусебната поддршка се клучни за стабилноста и развојот на целиот регион.
„Особено сум благодарен што Северна Македонија е еден од клучните партнери во иницијативата Отворен Балкан, која стана симбол на силна регионална соработка и поврзување на Западен Балкан. Нашата заедничка цел е подобра иднина за сите граѓани, а соработката преку иницијативата Отворен Балкан и други проекти останува цврста основа врз која ја градиме иднината на целиот регион. Убеден сум дека ќе продолжиме да ги развиваме односите во духот на пријателството и партнерството“, објави Вучиќ на Инстаграм.