Српската амбасадорка Јовановиќ: Засега не е познато дали меѓу повредените во Кочани има српски државјани
Амбасадорката на Србија во земјава, Невена Јовановиќ изјави дека трагедијата во Кочани, каде загинаа 59 лица го потресе целиот регион и дека последиците се уште се санираат.
Јовановиќ за емисијата „Уранак“ на телевизија К1 нагласи дека идентификацијата на жртвите се уште е во тек и дека српската амбасада во Скопје засега нема информации дека меѓу жртвите има и српски државјани.
„Земјата се соочи со невидена трагедија, со чии последици се уште се работи. Република Србија беше меѓу првите кои и понудија помош. „Ова е трагедија што го потресе целиот регион“, рече Јовановиќ и додаде.
„За жал, многу е тешко да се одреди конечниот број на жртви и да се идентификуваат. Според информациите од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, бројот на неидентификувани жртви е сè уште голем, така што не може со сигурност да се каже за кои лица станува збор потребни се уште неколку дена за да се утврди точниот број на жртви“, рече Јовановиќ.